Чаниште
Чаниште се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на југозападната страна на територијата на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри. Атарот е голем и зафаќа простор од 36,7 км2. Ha него обработливото земјиште зафаќа површина од 1.627 ха, а на пасиштата отпаѓаат 1.565 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Во него има земјоделска задруга и продавница. Чаниште е населено со македонско население.