Кaлен
Кален се наоѓа на крајниот северозападен дел на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово, недалеку од патот Прилеп -Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 640 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 26 км. Кален има релативно голем атар, на површина од 22,6 км2. На него доминираат пасиштата со 1.433 ха. на обработливото земјиште отпаѓаат 533 ха, а на шумите само 52 ха. Според тоа, селото има полјоделско - сточарска функција. Од Кален се иселил значителен дел од неговото население.