Врпско
Врпско е мошне мало село, кое се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општината Витолиште, поточно во прилепскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена дури 51 км. Атарот зафаќа простор од 16 км2. На него пасиштата заземаат површина од 736,1 ха, на шумите отпаѓаат 658,1 ха, а на обработливото земјиште 165,6 ха. Селото има мешовита земјоделска функција. Поради својата периферна положба, Врпско и од порано било мала населба, која што денес е, речиси, раселена.