Живово
Живово (Жиово) се наоѓа во источниот дел на територијата од прилепскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река, во Општината Витолиште. Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена околу 50 км. Атарот зафаќа простор од 17,2 км2. Ha него обработливото земјиште зазема површина од 339,3 ха, на пасиштата отпаѓаат 580,3 ха, а на шумите 663 ха. Во однос на земјоделството, населбата има мешовита функција. Населбата е мала, во фаза на наполно раселување.