Рапеш
Селото Рапеш се наоѓа на источните падини на Селечка Планина на 604 метри надморска височина. Патот до самото селото е асвалтиран а потоа макадам продолжува кон мостот на Црна Река која течи во непосредна близина.
Во селото околу 1860 година подигнат е заеднички храм за светителите: Св. Параскева и Св. Димитриј, кој за време на воените дејствија при крајот на Првата светска војна (1918 г.) бил гранатиран и оштетен. Во 2005 г. завршено е реновирањето на црквата. Денес во Рапеш живеат околу 50-тина жители, но право демографско чудо е тоа што тука во последните неколку години се изродија 8 дечиња, па сега се појави нов проблем во врска со нивното школување. Старото училиште кое по кажување на дедо Трајко Митковски (93 год.) било изградено некаде околу 1934 год. веќе одамна е затворено.